Достапни линкови

Конгресмени демократи го тужат Трамп


Американскиот претседател Доналд Трамп

Повеќе од 190 демократи, членови на американскиот Конгрес, го тужат претседателот Доналд Трамп пред федерален суд во врска со приливот на странски пари во неговата компанија за недвижности. Тужбата е поднесена во окружниот суд за Дистриктот Колумбија, велат двајца пратеници кои се меѓу тужителите. Во тужбата се наведува дека Трамп не побарал одобрување од Конгресот за плаќањата што Организацијата Трамп ги добила од странски влади откако тој ја презеде функцијата во јануари годинава, и покрај тоа што американскиот Устав го обврзува на тоа.

Клаузулата за странски плаќања од Уставот им забранува на американските функционери да прифаќаат плаќања и подароци од странски влади без одобрение од Конгесот.

Белата куќа и Министерството за правда засега не ја коментираа тужбата.

Слични тужби во изминатите месеци беа поднесени од непрофитни организации за етика, од двајца обвинители и од групација на ресторани.

XS
SM
MD
LG