Достапни линкови

Во пожарот во Лондон има мртви и ранети


Пожар во 27 катниот Гренфил во Лондон

Според властите во Лондон во голем пожар, кој избувна во кула во западниот дел на градот, има загинати и десетици повредени.

Бројот на жртвите засега неможе да биде потврден, изјави шефот на Противпожарната бригада Дени Котон.

Пожарот во 27 катниот.Гренфил избувна во раните утрински часови, а пожарникарите се уште се борат со пожарот.

Според сведоци, во зградата и натаму има луѓе. Причината за пожарот се уште не е позната.

XS
SM
MD
LG