Достапни линкови

Зголемување на бројот на меѓународните сили во Авганистан


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отвори вратата за зголемување на бројот на војници во Авганистан, со тоа што му даде овластување на Секретарот за одбрана Џим Матис за поставување повеќе војници во таа земја. Армискиот генерал Џон Николсон, кој ги предводи американските и меѓународните сили во Авганистан, неодамна изјави дека му требаат неколку илјади дополнителни војници.

Во моментов во земјата има 8 илјади и 400 војници, а во Пентагон се дискутира за дополнителни 3 до 5 илјади, од кои одреден дел би биле испратени од страна на американските сојузници, а повеќето од нив би биле воздухопловни екипи и обучувачи за поддршка на авганистанските сили.

Одлуката на Трамп доаѓа откако Матис го предупреди Конгресот дека авганистанските сили поддржани од САД не победуваат во војната против Талибанците.

XS
SM
MD
LG