Достапни линкови

Макрон: ЕУ останува отворена за Велика Британија


Британската премиерка Тереза Меј и францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, 13 јуни 2017 година

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа по средбата со британската премиерка Тереза Меј изјави дека вратата за останување на Велика Британија во Европската Унија се уште е отворена. Секако, вратата е отворена се додека преговорите за Брегзит не завршат, рече Макрон на заедничката прес конференција во Париз. Тој сепак додаде дека одлуката за Брегзит ја донесоа британските граѓани и оти тој тоа го почитува, но дека би сакал преговорите да почнат што побрзо. Од европскиот ракурс на гледање, се додека преговорите не завршат, постои можност да се промени правецот на настаните, наведе Макрон.

Меј изјави дека и покрај нејзините инсистирања да формира влада по изборите, временската рамка за Брегзит останува „на курсот“ и дека разговорите ќе почнат следната недела.

XS
SM
MD
LG