Достапни линкови

Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, доцна попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во западните делови. Утринската температура се движи од 10 до 18, а дневната ќе биде од 27 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје претпладне сончево и топло со мала облачност, доцна попладне и во текот на вечерта ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура се спушти до 16, а дневната ќе достигне до 31 степен.

Повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта, како и утре претпладне, а преку денот облачноста ќе се намалува.

Позначителен влажен бран се очекува в сабота попладне, а за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и значително намалување на дневната температура.

XS
SM
MD
LG