Достапни линкови

Нова стратегија на САД за промена на ситуацијата во Авганистан


Секретарот за одбрана на САД Џим Матис сведочи пред Сенатот. 13.06.2017

САД не победуваат во Авганистан, а нова стратегија за промена на ситуацијата ќе биде презентирана до средината на јули, изјави денеска пред Сенатот секретарот за одбрана на САД Џим Матис.

Матис на сведочењето пред Комитетот за вооруижени служби на Сенатот исто така рече дека неодамнешните напади врз про-сириските сили биле во направени во самоодбрана додека САД ги преземале сите неопходни мерки за заштитита на нивните војници на терен.

„Моментално не победуваме во Авганистан, и тоа ќе го поравиме што е можно поскоро“, рече тој додавајќи дека Понтагон најверојатно ќе побара зголемување на својот буџет од 2019 до 2023 година.

XS
SM
MD
LG