Достапни линкови

Именувани претседатели на собраниските комисии


Архива - Седница на Собранието за избор на Влада.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска именуваше претседатели, заменици претседатели, членови и нивни заменици на собраниските комисии.

Талат Џафери е именуван за претседател на Комисијата за уставни прашања, Максим Димитриевски на Комисијата за одбрана и безбедност, Антонијо Милошовски на Комисијата за надворешна политика, Артан Груби на Комисијата за европски прашања.

За претседател на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузунавање е именуван Трајко Вељановски, на Комисијата за надзор на спроведување на посебни истражни мерки и следење на комуникации од страна на Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, Царинска управа и Министерство за одбрана претседател е Емил Димитриев.

Со Комисијата за финансирање и буџет ќе раководи Лилјана Кузмановска, со комисиите за економски прашања Горан Милевски, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, за транспорт, врски и екологија Лилјана Затуроска, за култура Ирена Стефоска, за здравство Мирсада Емине Асани, за труд и социјална политика Владимир Ѓорчев, за локална самоуправа Џеват Адеми, за еднакви можности на жените и мажите Даниела Рангелова, а на Комисијата за деловничко и мандатно имунтетни прашања Павле Богоевски.

XS
SM
MD
LG