Достапни линкови

Мерки на ЕУ против Чешка, Унгарија и Полска за бегалците


Илустрација - Унгарски полициајци патролираат на границата со Србија. 06.04.2017

Европската комисија денеска започна правна акција против Чешка, Унгарија и Полска поради одбивањето да го земат нивниот дел од бегалците, според планот за солидарност на ЕУ.

Блокот во 2015 година се согласи да бидат преселени 160 илјади бегалци, многу од нив од Италија и Грција низ другите земји членки, одлука што наиде на отпор од неколку земји во Централна и Источна Европа.

Полска и Унгарија се уште земале ниту еден бегалец, додека Чешка минатата година прифати 12 бегалци но претходно овој месец соопшти дека се повлекува од шемата поради загриженост за безбедноста.

XS
SM
MD
LG