Достапни линкови

Иран ја обвини Саудиска Арабија за поддржување терористички групи


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф во Осло.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф ја обвини Саудиска Арабија за „активно“ поддржување на терористички групи во западен и источен Иран. Зборувајќи денекка на маргините на конференцијата во Осло, Зариф рече дека Техеран има „разузнавачки информации дека Саудиска Арабија е активно ангажирана во промовирањето на терористички групи“ во југоисточната иранска провинција Систан-Балучистан, која граничи со Авганистан и Пакистан и каде голем дел е сунитско население.

„Од западната страна се врши ист вид на активност, рече Зариф.

Неговите коментари доаѓаат во пресрет на смртоносните напади на 7 јуни во Техеран.

XS
SM
MD
LG