Достапни линкови

Блокади на „Спас за Валандово“ за одржување референдум


Блокади на клучката Валандово-Прирава-Миравци од страна на граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“.

Активисти од граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ денеска ја блокираат клучката Валандово-Пирава-Миравци, барајќи општинските власти да закажат седница на која ќе биде донесена одлука за изјанување на референдум против отворање на рудникот Казандол, информираат од „Спас за Валандово.“

Оттаму, како што велат, иницирале советот да одржи седница за на 9 јули да може да се одржи референдумот, но претседателката на советот не закажала седница.

„Затоа од денес, одиме на веќе закажаните блокади“, велат од иницијативата.

XS
SM
MD
LG