Достапни линкови

Советот на јавни обвинители го разгледува предлогот за разрешување на Зврлевски


Архива - Јавниот обвинител Марко Зврлевски.

Советот на јавни обвинители ја почна седницата на која се расправа за предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски, кој според Законот за јавни обвинители треба да даде позитивно или негативно мислење за разрешувањето.

Минатата недела претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски рече дека Советот на барањето ќе одговори во предвидениот рок од 15 дена, истакнувајќи дека Зврлевски перфектно ја извршувал функцијата и оти нема никаква забелешка од неговата работа.

Владата иницираше постапка за разрешување на Зврлевски, како што наведе, поради незаконско и ненавремено извршување на функцијата.

XS
SM
MD
LG