Достапни линкови

Времето денеска сончево и потопло


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се движи од седум до 16, а дневната ќе биде од 28 до 34 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 33 степени.

Од утре во попладневните часови ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни.

XS
SM
MD
LG