Достапни линкови

Котевски од СЈО побарал увид во доказите


Иво Котевски

Директорот на центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, Иво Котевски по денешниот распит во СЈО за случајот „Талир“ изјави дека побарал увид во доказите. Според него, не му биле презентирани никакви докази и останува, како што рече, некој друг ден да види со што располага СЈО. Котевски изрази сомневање дека докази против него воопшто постојат.

Тој го обвини СЈО дека работи во корист на СДСМ со цел прогон на функционери на ВМРО-ДПМНЕ. На прашањето каде е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој исто така беше поканет на распит во СЈО за случајот, Котевски изјави дека не знае каде тој се наоѓа. Истрагата за Талир се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година. Во истрагата осомничени се 14 лица.

XS
SM
MD
LG