Достапни линкови

Тачи очекува дијалог со Србија на претседателско ниво


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека дијалогот меѓу Приштина и Белград ќе биде поставен на претседателско ниво. Според него, фокусот на разговорите ќе биде во поширока политичка рамка, која ќе има за цел да се постигне спогодба којашто би водела кон добрососедски односи, нормализација, помирување и соработка.

Тој порача и дека кој и да ја формира новата влада во Косово, ќе треба да се осврне на формирање Заедница на српските општини, и на решавање на прашањето околу демаркирањето на границата со Црна Гора.

XS
SM
MD
LG