Достапни линкови

Вучиќ сака да продложи дијалогот со Косово


Српскиот претседател Александар Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со резултатите од предвремените парламентарни избори во Косово изјави дека неговата земја сака сериозен дијалог со Албанците, но истовремено сака да ги почитуваат и интересите на косовските Срби. Според него, таканаречената „воена“ коалиција која го освоила мнозинството на изборите во Косово, е групата која најдиректно ги заплашувала Србите и тоа им создало многу проблеми.

Тој нагласи дека коалицијата во Приштина сега има против себе единствен блок на српски политички претставници, кои ќе ги штитат интересите на Србите и на Србија во Косово. Резултатите од изборите, според него, ќе им донесат многу проблеми, но ќе се борат за стабилност и ќе го продолжат дијалогот, бидејќи така ќе се зачува мирот.

XS
SM
MD
LG