Достапни линкови

Хан: Итните реформски приоритети клучни за Македонија


Еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан

Еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан пред денешната средба со премиерот Зоран Заев во Брисел порача дека првите чекори кои треба да ги преземе новата Влада се итните реформски приоритети кои се клучни за за земјата да добие позитивна препорака од ЕУ. Хан истакна дека земјата конечно ја надминала политичката криза и дека токму главна тема во разговорите со Заев ќе бидат итните реформски приоритети.

Заев пред средбата со Хан разговараше и со претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседателка на ЕК, Федерика Могерини, како и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

XS
SM
MD
LG