Достапни линкови

Котевски на распит во СЈО за „Талир“


Иво Котевски

Директорот на центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ, Иво Котевски e на распит во СЈО. Тој е осомничен во случајот на СЈО„Талир“. Истрагата за Талир се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година. Во истрагата осомничени се 14 лица, а меѓу нив е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Дел од истрагата е и изградбата на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон.

Во петокот на распит во СЈО беа поранешниот премиер Емил Димитриев, како и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Останатите осомничени, како што најавија од СЈО, се очекува на распит да се појават денеска.

XS
SM
MD
LG