Достапни линкови

Времето денеска сончево со слаб северен ветер


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура се движи од 8 до 15 степени, а максималната ќе биде од 23 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 28 степени.

И утре ќе се задржи стабилно и топло време. В среда попладне повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално и со поинтензивни процеси.

XS
SM
MD
LG