Достапни линкови

Референдумот во Богданци успешен


Богданци

Референдумот на кој жителите на Богданци се изјаснуваа дали се за или против рудникот „Казандол“ но и отварање други рудници е успешен, На 12гласачки места во оваа општина, гласале над 50 отсто гласачи, и со тоа е исполнет законскиот цензус референдумот да биде легитимен.

За успешно спроведување на референдумот неопходно е на гласањето да излезат најмалку половина плус еден од запишаните избирачи.

Мнозинството од излезените граѓани ќе ја донесат одлуката која е дефинитивна и општинските власти ќе мора да ја спроведат.

Граѓаните требаше да одговорат надвете референдумски прашања: „Дали сте ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот Казандол?“ и „Дали сте ЗА или ПРОТИВ отворање рудници на територијата на општината?“.

XS
SM
MD
LG