Достапни линкови

СДСМ: Владата ги отвора евро-атлантските перспективи


Владата предводена од СДСМ ги отвора евро-атлантските перспективи и ги придвижува интеграциските процеси за членство во ЕУ и НАТО како врвен државен и граѓански интерес. За таа цел, неопходно е сите, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ како конструктивна опозиција, активно да ги поддржат реформите што значат продолжување на интегративните процеси на Македонија, се наведува во соопштението од СДСМ.

Од партијата сметаат дека е лицемерно од ВМРО-ДПМНЕ да зборуваат за евро-интеграции кога за 11 години власт, како што наведуваат, правеа се за да ја оддалечат Македонија од евро-атлантските интеграции.

- Децениската изолација на Македонија поради криминалните интереси на Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ заврши со формирањето на новата реформска и демократска Влада предводена од СДСМ, се наведува во соопштението

XS
SM
MD
LG