Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавите на Коѕијас не одат во прилог на добрососедските односи


ВМРО-ДПМНЕ лого, амблем

Изјавите на шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во кои се повторуваат црвените линии на Република Грција не одат во прилог на добрососедските односи, се наведува во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по изјавата на Коѕијас.

" Со изјавата дека Република Македонија ќе може да стане членка на НАТО дури откако ќе се реши проблемот кој Грција го има со нашето име, Коѕијас не придонесува за надминување на проблемот. Напоменувањето дека Грција нема да потклекне под притисоците за зачленување на Република Македонија во НАТО под времената референца може да доведе до дополнително закопување на двете страни во сопствените ровови" стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ смета дека процесот веднаш треба да се деблокира и да се исправат неправедните одлуки. Според партијата, Република Македонија заслужува да стане членка на НАТО што е можно побргу.

- Зоран Заев и новата Влада ветија на граѓаните дека многу бргу ќе ја внесат Република Македонија во НАТО и ЕУ. Зоран Заев и СДС мора да ги исполнат ветувањата токму како што беа дадени. Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО час поскоро, но притоа да не се задира во идентитетските прашања и да не се склучуваат договoри на штета на Македонскиот народ и држава, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ

XS
SM
MD
LG