Достапни линкови

Во Богданци референдум за рудникот „Казандол“


Богданци. Монтирани ветерници

Граѓаните на оштина Богданци денесака на референдум се изјаснуваат дали се за или против изградбата на рудникот за бакар „Казандол“ но и за отворање на други рудници на територијата на општината.

Околу 7.000 жители на 12 избирачки места одлучуваат за двете референдумски прашања.

За рудникот „Казандол“, на 18 јуни, на референдум ќе излезат и жителите на општина Дојран, а во постапка за референдум се и граѓаните на Валандово.

Првиот ваков референдум на локално ниво успешно се спроведе во Гевгелија каде што речиси 70 отсто од граѓаните се изјаснија против отворање рудници на планината Кожув

XS
SM
MD
LG