Достапни линкови

До пладне во Франција гласале 19,24 проценти од избирачите


Франција избори.2017

Во Франција одѕивот на гласачите достигна 19.24 отсто до пладне, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тој процент е малку помал од излезноста во истото време од денот, во текот на гласање во првиот круг во 2012 година кога излесноста била 21, 06 проценти

Речиси 47 Французи гласаат во првиот од двата круга на парламентарните избори. Eмануел Макрон, кој ја победи ривалката од екстремната десница Марин Ле Пен на претседателските избори на 7-ми мај, бара јасен мандат за неговата партија Република во движење.

Анкетите покажуваат дека партијата на Макрон може да добие најмалку 30 отсто од гласовите во првиот круг, десничарските републиканците и сојузници околу 20 отсто и екстремно десничарскиот Национален Фронт на Ле Пен 17 отсто.

XS
SM
MD
LG