Достапни линкови

Силите поддржани од САД напредуваат во Рака во Сирија


Сирија. Воената база Рака

Борците на Арапско-курдската коалиција кои се подржани од САД објавија дека ја презеле контролата во делови од соседството на Рака, кое е упориште на екстремистичката група Исламската држава во Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права потврди дека борците на арапско-курдската коалиција сега ги контролираат Ал Романија и Ал-Meшлеб на исток. Борците исто така, влегле и во западното соседство Ал-Сабахија. Битката за преземање на Рака започна на 6 јуни со подршка на американските сили од воздух. Коалицијата проценува дека градот Рака кој е под контрола на ИД од 2014 година го бранат најмногу 4.000 милитанти.

XS
SM
MD
LG