Достапни линкови

Украинците го прославуваат безвизното патување во ЕУ


Украинците го прославуваат безвизното патување во ЕУ

Украинците го прославуваат првиот ден од безвизниот режим во повеќето земји на ЕУ, што претседателот Петро Порошенко го поздрави како "конечно" збогум "на Руската империја." Либерализација на визниот режим влезе во сила денеска, и им овозможува на украинските граѓани кои имаат биометриски пасоши да влезат во сите земји-членки на ЕУ, освен Ирска и Обединетото Кралство без виза, до 90 дена во текот на 180-дневен период. "Безвизниот режим за Украина започна. Слава на Европа! Слава на Украина!" напиша Порошенко на Твитер откако стотици Украинците ја преминаа границата на ЕУ. Официјални претставници на ЕУ и честитаа на Украина за постигнатата визна либерализација, со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Тие на Твитер напишаа : " Ден за паметење. Безвизно патување за Украинците сега е реалност. Ќе не донесе поблиску заедно." Говорејќи на церемонијата во Киев претседателот Порошенко рече дека тој верува дека Украина ќе стане членка на НАТО и ЕУ, и дека "ништо и никој тоа нема да го спречи."

XS
SM
MD
LG