Достапни линкови

Тројца американски војници убиени од авганистански војник


Авганистан, војник на авганистанската армија

САД потврдија дека тројца американски војници загинаа во Авганистан кога војник на авганистанската армија отворил оган кон нив во источниот дел на Авганистан. Уште двајца други американски војници се повредени во нападот што се случи во областа Нангахар. Ввојниците на САД биле да се борат заедно со авганистанските сили против Исламската држава кога авганистанскиот војник се свртел кон војници на САД. Официјални лица изјавија дека авганистанскиот војник бил убиен по нападот. Талибанците презедоа одговорност за нападот, велејќи дека тоа е направено од страна на талибански борец кој се инфилтрирал во авганистанските безбедносни сили. Западните официјални претставници велат дека повеќето такви напади потекнуваат од лична нетрпеливост. Војската на САД во соопштението наведе дека е "свесна за инцидентот во источниот дел на Авганистан", и "ќе објави повеќе информации, во наредниот период." Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, изјави дека претседателот Доналд Трамп бил брифиран од неговиот тим за национална безбедност "за настаните кои се случуваат во Авганистан".

XS
SM
MD
LG