Достапни линкови

Времето денеска ќе биде променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невремe. Попладне ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16 степени, а дневната од 15 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Попладне ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната до 23 степени.

XS
SM
MD
LG