Достапни линкови

САД и Русија разговараат за безбедносна зона во Сирија


Сирија

Официјални претставници на САД и Русија водат тивки разговори за создавање на "де-ескалациска " зона во Сирија, јавија западни дипломати. Американскиот и рускиот специјален претставник во Сирија, Мајкл Ратенеи и Александар Лаврентиев и други официјални лица се сретнале најмалку два пати во изминатите две недели и ќе се сретнат повторно, објави новинската агенција Ројтерс цитирајќи неименувани функционери и дипломати. Според Вол Стрит Џурнал, последниот состанок се одржал во главниот град на Јордан, Аман. Разговорите се во рана фаза на дискутирање за границите на предложената безбедна зона во југозападниот дел на провинцијата Дера на Сирија, на границата со Јордан, изјавиле дипломатите. Русија, Иран и Турција посредуваа за договорот во главниот град на Казахстан, Астана, во мај да се создадат четири "деескалациски зони" во различни делови на Сирија, каде што силите на владата на претседателот Башар ал-Асад се борат против бунтовниците. Иран и Русија ја поддржаа сириската влада во текот на војната, додека Турција ги поддржува своите противници. Сепак, Вашингтон се противи на учеството на Иран како гарант за деескалација во зоните утврдени во договорот од Астана. Ројтерс цитира неименуван висок дипломат кој вели: ". Американците зборуваат со Русите и предлагаат де- конфликтна зона надвор од процесот Астана без Иранците и нивните полномошници" Според ОН, околу 400.000 луѓе се убиени во сириската војна од 2011 година.

XS
SM
MD
LG