Достапни линкови

Додевски ќе биде сведок, нема да го брани Груевски


Никола Додевски, адвокат на лидерот на ВМРО ДПМНЕ НИкола Груевски

Адвокатот Никола Додевски нема да може да го застапува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во случајот „Талир“ што против него го води СЈО и се однесува на перење пари во партијата.

Додовски, инаку го застапува експремиерот Груевски во сите предмети што против него ги води СЈО.

Додевски во овој случај ќе биде повикан за сведок и затоа нема да може да ги брани не само Груевски, туку и Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Емил Димитриев, Кирил Божиновски и останатите шестмина осомничени за перење на 4,9 милиони евра.

XS
SM
MD
LG