Достапни линкови

Утре ограничен сообраќај поради натпреварот Македонија-Шпанија


Улица, сообраќај, автомобили.

Поради утрешниот меѓународен фудбалски натпревар кој ќе се одигра помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија, на фудалскиот стадион „Телеком арена“ во Градскиот парк со почеток во 20.45 часот, СВР Скопје, во периодот од 15 часот ќе воведе посебен режим на сообраќај на возила и движење на пешаците во деловите од градот во непосредна близина на Градскиот парк.

Ќе биде ограничено движењето на возилата по улиците кои водат кон фудбалскиот стадион: бул. “Илинден“, ул. “Ристо Шишков“, ул. “Аминта 3-ти“, ул. “Наум Наумовски-Борче“, како и по сервисните улици во Градски парк околу фудбалскиот стадион.

Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по наведените сообраќајници за влез кон фудбалскиот објект, а за пешаците ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за гледање фудбалскиот натпревар.

XS
SM
MD
LG