Достапни линкови

Инспекторите бараат белешки од разговорот Трамп-Коми


Американскиот претседател Доналд Трамп

Додека претседателот на САД, Доналд Трамп и поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми се обвинуваат меѓусебно за тоа кој лаже во врска со нивниот заеднички разговор, инспектори на Конгресот бараат двете страни да покажат докази од нивниот разговор.
Комитетот за разузнавање побара од Белата куќа да обезбедат или лента или белешка од разговорот на Трамп со Коми во февруари на кој Трамп наводно, побарал лојалност од Коми и извршил притисок да се заврши истрагата на ФБИ за врските на поранешниот помошник Мајкл Флин со Русија. Трамп на Твитер минатиот месец напиша дека разговорот бил снимен, но е двосмислен за тоа. Комитетот од Коми исто така, побара да ги достави своите белешки за разговорот со Трамп. Коми рече дека во февруари тој му дал една од клучните белешки на неговиот пријател од Универзитетот Колумбија, професорот по право Даниел Ричман, кој подоцна им ја доставил на медиумите.

Коми, го обвини Трамп и неговиот тим дека лажеле за причините за неговото разрешување и за обид за поткопување на истрагата за можна поврзаност на соработници на Трамп со наводниот руски обид да се влијае на изборите во корист на Трамп.

XS
SM
MD
LG