Достапни линкови

Претрес кај новинар и нови известувања за насилствата во Собранието


Упад на граѓаните во Собранието на 27 април

Полицијата извршила претрес во домот на новинар во врска со истрагата за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села за време на насилствата во Собранието на 27 април.

„Воедно е извршен претрес во домот на еден новинар при што се пронајдени и одземени предмети (фотоапарат, камера, УСБ, преносен компјутер, мобилен телефон и ДВД) кои може да послужат во кривичната постапка. По извршеното вештачење предметите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство Скопје“, се наведува во соопштението на МВР.

Полицијата исто така соопшти дека до Јавното обвинителство поднела шест известувања за преземените активности околу расчистување на насилствата во Собранието од 27 април.

XS
SM
MD
LG