Достапни линкови

Десетици загинати во самоубиствен бомбашки напад во Ирак


Архивска фотографија: Бомбашки напад во Ирак

Најмалку 31 луѓе загинаа, а 35 се повредени во самоубиствен бомбашки напад во ирачкиот град Мусајиб, јужно од Багдад, соопштија властите. Нападот го извршила жена, која го активирала експлозивниот појас на пазар во центарот на градот, информира локалната полиција.

Исламската држава ја презеде одговорноста за овој нападот, како и за другиот напад што се случи на околу 30 километри од светиот шиитски град Карбала, во кој загинаа четири луѓе. И тој самоубиствен напад го извршила жена.

Откако Исламската држава почна да губи позиции во Ирак и во Сирија, ги засили самоубиствените напади во Ирак.

Со поддршка на коалицијата предводена од САД, ирачките сили ги потиснуваат милитантите на Исламската држава од вториот по големина град во Ирак, Мосул.

XS
SM
MD
LG