Индија и Пакистан станаа полноправни членки на Шангајската организација за соработка, проширувајќи го регионалното безбедносно групирање во Јужна Азија. Претседателите на земјите членки на организацијата – Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан, потпишаа документ со кој Индија и Пакистан се примаат во членство на денешниот самит што се одржа во главниот град на Казахстан, Астана. Тие потпишаа и неколку други документи, меѓу кои и Конвенцијата за заеднички напори против екстремизмот.
На разговорите учествуваа и земјите набљудувачи: Авганистан, Белорусија и Монголија.
Русија и Кина имаат слични ставови за главните глобални прашања, но се натпреваруваат за влијание во енергетски богатата Централна Азија.