Достапни линкови

Меј ќе се обиде да формира нова влада во Велика Британија


Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека ќе разговара со Демократската унионистичка партија на Северна Ирска(ДУП) во обид да формира малцинска влада, откако нејзината Конзервативна партија го загуби парламентарното мнозинство на предвремените избори. Меј ова го кажа откако го побара мандатот за состав на нова влада од Кралицата Елизабета Втора во Бакингемската палата. Таа не кажа дали ќе направи формална коалиција со ДУП или ќе се обиде да ја обезбеди нивната поддршка во замена за некои отстапки.

Конзервативната партија го изгуби мнозинството во парламентот. На вчерашните избори освоија 318 пратенички места, осум помалку од мнозинството во 650-члениот парламент. ДУП освои 10 пратенички места. Лабуристичката партија заврши втора со 261 пратеници.

XS
SM
MD
LG