Достапни линкови

Поддршка од ЕУ за реформската агенда на Владата


Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шеќеринска се сретна со амбасадорите на земјите членки на Европската унија

Силна поддршка за реформската агенда што ќе ги отвори перспективите на Република Македонија кон Европа, добил денеска премиерот Зоран Заев од амбасадорите на ЕУ. Како што соопшти владината прес-служба, на заедничката средба било посочено дека обезбедувањето професионални институции, функционалност на Парламентот и независно судство и медиуми, се клучните области во кои се потребни итни реформи.

Заев денеска се сретна си амбасадорката на ОБСЕ Нина Суомалаинен, која ја поздрави намерата на премиерот да води, како што вели, реформска влада која ќе работи во интерес на сите граѓани.

XS
SM
MD
LG