Достапни линкови

Воздухопловната бригада при АРМ прослави 25 години од основањето


Еден од предизвиците кој стои пред сите нас е зачленувањето во НАТО, порача денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на воена свеченост по повод денот на воздухопловната бригада (ВБР), истакнувајќи ги успешните мисии и вежби на ВБР. Порача дека не смее да се заборави улогата на воздухопловната единица при справувањето со различни елементарни непогоди која ја погодија нашата држава во минатото, особено нивниот ангажман при гаснење на пожарите и справување со други катастрофи. Таа потенцира дека како министер за одбрана ќе се залага да се надминат проблемите за кои, како што рече, е информирана дека во минатиов период поради неповолни материјално-технички услови активностите во воздухопловната бригада бележела стагнација.

Постоењето на ВБР се темели врз одлуката на Претседателот Киро Глигоров од 10 април 1992 година, со која е формирана командата на воено воздухопловство и против-воздушната одбрана на АРМ во чиј состав влезе авијациска бригада со авијациски, транспортен и борбен хеликоптерски сквадрон. Во 2005 година воздухопловната бригада се трансформираше во помала, покомпактна единица наречена воздухопловен ВИНГ (воздухопловна извидувачка напаѓачка група) која фигурира до 2012 година кога повторно се формира воздухопловна бригада во составот на Здружената оперативна команда.

XS
SM
MD
LG