Достапни линкови

Иницијатива членството на ВМРО-ДПМНЕ директно да ги бира партиските функционери


Прес-конференција на Александар Михајловски, координатор на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, Александар Михајловски

Промена на статутот на ВМРО-ДПМНЕ за суштинска демократизација на партијата се барањата на Републичкиот штаб за внатрешна демократизација во ВМРО-ДПМНЕ. На денешната прес-конференција одржана не во партиските простории, туку во хотел во Скопје, координаторот на Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМЕ, Александар Михајловски, рече дека многу партиски задачи во изминатиот период биле направени без искрена желба и поддршка на членовите, симпатизерите и активистите. Тој рече дека партискиот статут сега е целосно недемократски.

„Прв чекор е демократизација на статутот и наша основна цел ќе биде во статутот да се врати тајното и непосредно гласање на членовите за избор на функционери во партијата“, рече тој.

Михајловски посочи дека е убеден дека иницијативата ќе добие поддршка од партискиот лидер Никола Груевски. Тој рече дека оваа иницијатива не е против никого или за некого, туку само за демократско избирање на партиските функционери и го повика членството да ги поддржат.

„Ве повикуваме масовно да ја поддржите иницијативата за демократизација и модернизација на нашата партија, за враќање на партијата во рацете на сите нас членовите, за враќање на угледот и честа на партијата пред домашната и меѓународната јавност со цел брза промена на владата на СДСМ и формирање нова влада на ВМРО-ДПМНЕ со нови луѓе за нова евроатлантска иднина на Македонија“, рече Михајловски.

XS
SM
MD
LG