Достапни линкови

Осомничените за „Талир“ даваат исказ во СЈО


Прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство - СЈО.

Дел од осомничените во случајот „Талир“ денеска даваат исказ во СЈО, потврдуваат од обвинителството. Истрагата за Талир се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година. На распит во СЈО е поранешниот премиер Емил Димитриев, како и пратеничката од ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Останатите осомничени, како што велат од СЈО, поради тоа што не ги примиле поканите се очекува на распит да дојдат в понеделник.

Во истрагата осомничени се 14 лица, а меѓу нив е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Дел од истрагата е и изградба на главното седиште на партијата во Скопје од страна на градежната фирма Бетон. СЈО бараше замрзнување на имот на ВМРО ДПМНЕ, вклучително и партиското седиште. Но, барањето беше одбиено од судот.

XS
SM
MD
LG