Достапни линкови

Турско МНР: Свикувањето на референдум за независност на Ирачки Курдистан е огромна грешка


Курдски војни во ирачки Курдистан

Турција соопшти денеска дека намерата на ирачките Курди да спроведат референдум за независност е „ужасна грешка“, истакнувајќи дека територијалниот интегритет и политичкото единство на Ирак се основни принципи за Анкара.

Ирачки Курдистан во средата соопшти дека има намера да свика референдум за независност - чекор, што најверојатно нема да биде добро прифатен од централната Влада во Багдад.

Турција смета дека референдумот за независност нема да биде од корист ниту за Ирак, нити за Ирачки Курдистан.

МНР на Турција наведе дека „во овој период, кога во регионот се случуваат критични настани, предметната иницијатива ќе доведе до негативни последици кои ќе ја зголемат нестабилноста“.

XS
SM
MD
LG