Достапни линкови

Скопското ОЈО алиби за „Актор“


Соопштение на грчката градежна фирма „Актор“ за обвиненијата за работењето во Македонија

„Актор“ преку соопштение тврдат дека нема никакви нерегуларности во нивното работење и како оправдание за тоа посочуваат дека судската истрага во Македонија во 2014 покажала дека тие не извршиле никакви кривични дела.

Грчката градежна фирма „Актор“ тврди дека нема добиено обвинение и пријава за сторено кривично дело и ги отфрла тврдењата за нерегуларности во работењето на делницата Демир Капија-Смоквица на автопатот во Македонија.

Грчките медиуми вчера објавија дека грчкото Обвинителство во борба против корупција покрева обвинение и ќе ја гони фирмата за перење пари и проневера на 50 милиони евра за време на работата на автопатот, изготвено по извештај на Европската служба за борба против измами ОЛАФ.

„Актор“ преку соопштение тврдат дека нема никакви нерегуларности во нивното работење и како оправдание за тоа посочуваат дека судската истрага во Македонија во 2014 покажала дека тие не извршиле никакви кривични дела.

„По извршена контрола, судските органи во Скопје, уште од 2014 утврдија дека нема сомневања за извршени било какви кривични дела и случајот беше неотповикливо ставен во архива“, се вели во соопштението на „Актор“.

OJO за дел од медиумите во Македонија вчера изјавија дека се уште работат на расветлување на случајот и прибираат податоци за утрдување на околностите за работењето на грчката градежна компанија.

Во соопштението на „Актор“ дополнително се посочуваат детали за добивањето на тендерот за изведба на овој дел од автопатот, потенцирајќи дека претставник на Европската Комисија и Европската Инвестициска Банка, како дел од инвеститорите, ја следеле целата тендерска процедура на која учествувале 15 компании. „Актор“ велат дека нивната конечна понуда била 210.148.177 евра, за речиси 11 милиони повисока од претходниот понудувач по ред, додека пак последниот понудувач по нив имал цена за 181 милиони евра повисока од онаа на грчката компанија.

Градежната компанија во соопштението вели дека до сега се изведени 96 отсто од договорените работи.

Грчките медиуми „Катимерини“, „Вима“, „Прото тема“ пренесоа дека според извештајот на ОЛАФ, Актор исплаќале огромни суми во висина и до 110.000 евра како месечни приходи, пари кои се смета дека не биле за исплата за работа на автопатот, туку им се исплаќале потоа најверојатно на трети лица.

Подготви Миркица Поповиќ

XS
SM
MD
LG