Достапни линкови

Тачи: Косово ќе има прозападна влада


Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косово во следниот период ќе има прозападна, мултиетничка и стабилна влада, која ќе продолжи со реформите во сите сфери, независно од тоа кој ќе победи на изборите в недела, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи по средбата со шефот на Набљудувачката мисија на ЕУ, Алојз Петерле. Тој истакна дека е задоволен од досегашниот тек на изборната капања и изрази оптимизам околу текот на изборите.

Тачи нагласи и дека е вознемирен поради информациите за обиди за заплашување на некои кандидати за пратеници и избирачи во деловите на Косово каде што мнозинството од наслението се Срби.

Петерле од своја страна додаде дека ЕУ на овие предвремени парламентарни избори испратила 100 набљудувачи, кои ќе го следат изборниот процес на целата територија на Косово.

XS
SM
MD
LG