Достапни линкови

Исламска Држава убила двајца киднапирани Кинези


Мапа на Пакистан, каде што биле киднапирани двајцата кинези

Екстремистичката група Исламска Држава објави дека убила двајца Кинези кои беа киднапирани во Пакистан кон крајот на минатиот месец. Групата исто така објави и видео со убивањето на киднапираните. Двајцата Кинези, еден маж и една жена, го изучувале јазикот Урду и учеле мандарински во Кета, главен град на пакистанската провинција Балочистан, кога биле киднапирани.

Нивната егзекуција доаѓа неколку часа откако пакистанските безбедносни сили објавија видео во кое се прикажува воената операција против милитантите во таа провинција. Официјални лица соопштија дека во нападот е уништен тренинг-камп на една секташка група.

Но, подоцна било објавено соопштение од групата, во кое се вели дека кампот и убиените во тој напад биле од Исламска Држава, па се верува дека Кинезите се убиени во знак на одмазда.

Кинеската државна агенција Ксинхуа соопшти дека Пекинг е сериозно загрижен поради ова убиство.

XS
SM
MD
LG