Достапни линкови

Џинпинг и Путин се состанаа во Астана


Кинескиот претседател Си Џинпинг и претседателот на Русија Владимир Путин се сретнаа денеска во Астана.

Кинескиот претседател Си Џинпинг и претседателот на Русија Владимир Путин се сретнаа денеска во Астана, главниот град на Казахстан. Тие присуствуваат на самитот на Шангајската организација за соработка, регионална групација за безбедност. На самитот присуствуваат и домаќинот Казахстан, како и Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.

Путин изјави дека Москва се подготвува за официјална посета на кинескиот претседател на Русија, која е закажана за 3 и 4 јули. Путин е убеден дека тоа ќе биде голем и значаен настан во билатерланите односи.

Кинескиот претседател вели дека врските меѓу Москва и Пекинг се развиваат „многу добро“, додавајќи дека нивната соработка има големо значење за светот.

XS
SM
MD
LG