Достапни линкови

Туск и Јункер до Заев – Пржинскиот договор и реформите се суштински


Заев и Шеќеринска пред резиденцијата на ЕУ во Скопје каде е скучен Пржинскиот договор за надминување на политичката криза.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск и претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер денеска упатиле честитка до премиерот Зоран Заев, за неговиот избори и за формирањето на владата.

„Формирањето на новата Влада нуди можност за придвижување надвор од рамките на политичката борба што ја држеше земјата назад толку долго. Наредниот период и нуди на новата Влада можност за посветена работа, преку конструктивен дијалог со опозицијата, кон заедничката цел за евроатланска интеграција“, се вели во честитката.

Од прес-службата на Владата информираат дека во честитката се посочува оти континуираната посветеност кон целосна имплементација на Договорот од Пржино и спроведувањето на приоритетите за итна реформа ќе бидат од суштинско значење за успехот на државата.

XS
SM
MD
LG