Достапни линкови

Во Бурма најдени тела и остатоци од исчезнатиот авион


Спасувачи извлекле 29 тела од морето во близина на брегот на Бурма, 8 јуни, 2017

Спасувачи извлекле 29 тела од морето во близина на брегот на Бурма, откако воен авион исчезна со 122 патници.

Извлечени се тела на 21 возрасен човек и на осум деца, соопшти денеска војската. Пронајдени се и неколку појаси за спасување и парчиња багаж, за кои се верува дека се од исчезнатиот авион.

Кинески транспортен авион кој вчера леташе до главниот град на Бурма, Јангон, го загуби контакт со контролата на летање кратко по полетувањето. Повеќето од патниците биле воен персонал и членови на нивните семејството, меѓу кои имало и деца.

XS
SM
MD
LG