Достапни линкови

Иванов упати сочувство до иранскиот претседател Рoхани


Полициски хеликоптер над мавзолејот на ајатолахот Хомеини во Техеран, 7 јуни 2017 година

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод терористичките напади во Техеран, упати писмо со сочувство до претседателот на Исламска Република Иран, Хасан Рохани.

„Со згрозеност, вознемиреност и тага ја примив информацијата за ужасниот терористички чин кој се случи во Техеран и искрено жалам за загубените животи од оваа трагедија. Нема соодветни зборови што ќе ја намалат Вашата и тагата на семејствата на настраданите, но дозволете ми во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име да Ви упатам изрази на мое најискрено сочувство“, наведува претседателот Иванов во писмото.

Терористичките закани, како што истакнува, можат да бидат поразени само со координиран, заеднички и бескомпромисен одговор.

Нападите се случиле во иранскиот парламент и во мавзолејот на верскиот лидер Хомеини при што загинале 12 луѓе, додека 40 биле ранети.

XS
SM
MD
LG