Достапни линкови

Обвинение против 33 членови на руската мафија во Њујорк


Илустрација

Американското обвинителство вчера уапси и обвини 33 наводни членови на „руска организирана криминална организација“ што работела во Њујорк. Канцеларијата на јавниот обвинител во јужниот дел на државата Њујорк соопшти дека осомничените работеле меѓународно и ширум САД. Тие се сомничат дека биле вклучени во трговија со дрога и украдени стоки, вклучително и цигари, рекет, нарачани убиства и измама со кредитни картички.

Повеќето од уапсените биле предводени од Ражден Шулаја и Зураб Џанашвили, родени во поранешниот Советски Сојуз, кои одржувале силни врски со Украина, Грузија и Русија, соопшти обвинителството. Тие соопштија дека Шулаја, кој бил „од редот на елитните криминалци од поранешниот Советски Сојуз кој има почит од другите криминалци“ е еден од првите толку високо рангирани мафијаши обвинети за рекет во САД.

XS
SM
MD
LG