Достапни линкови

Напаѓачите во Техеран биле иранци кои и се приклучиле на ИД


Припадници на Исламската Револуционерна гарда, Техеран, 07.06.2017.

Членот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност Реза Сејфолахи изјави дека извршителите на вчерашните два напада во Техеран биле иранци кои им се приклучиле на милитантите на Исламската држава. Нападите се случиле во иранскиот парламент и во мавзолејот на верскиот лидер Хомеини при што загинале 12 луѓе, додека 40 биле ранети. Претходно ИД ја презеде одговорноста за нападите, но Исламската Револуционерна гарда и некои високи ирански претставници обвинија дека зад нив стојат Саудиска Арабија и Соединетите држави.

XS
SM
MD
LG