Достапни линкови

Еврокомесарот Хан во Белград


Комесарот на Европската унија Јоханес Хан

Комесарот на Европската унија за проширување Јоханес Хан денеска во Белград ќе ја отвори регионалната конференција која има за цел зголемување на инвестициите во земјите од Западен Балкан. Конференцијата ја организира Европската комисија, а учесниците ќе ја разгледаат важноста на структурните реформи за подобрување на инвестициската клима, како и јакнењето на регионалното економско поврзување со цел побрзо приближување кон единствениот пазар на ЕУ. Јоханес Хан ќе се сретне и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

XS
SM
MD
LG